fbpx
од 399 €
Побарај Понуда

Анталија Лето 2024 (со директен чартер лет од Скопје)

Анталија, Antalya, Turkey
Неоценет
Времетраење

6/8/10/12/13 ноќевања

Тип на тура

Дефиниран датум

Макс. Група

1 person

Погодно за

___

Преглед на понудата

Анталија Лето 2024

(со директен чартер лет од Скопје)

 

АНТАЛИЈА – мистика на минатото во современ амбиент. Оваа Турска Ривиерa ја красат природни убавини и богато историско наследство. Се наоѓа во западниот дел на Медитеранскиот брег на Турција.

При посета на Анталија – бисерот на таканаречената Турска Ривиера, ќе забележите дека е поделена на два дела: еден современ со широки улици и булевари, модерни станбени згради, богат со најразлични содржини за ноќен живот…; додека другиот дел е стар град, Калеиџи, изграден околу старото пристаниште и денес претворен во туристичко срце на градот. Во Римско време бил опкружен со ѕидини, а денес таму ќе најдете тесни, поплочени улички, стари турски куќи, џамии, анови, амами…, повеќето со сочуван автентичен изглед каков што имале во времето на изградба. Голем број на ресторани, кафулиња, слаткарници и клубови се наоѓаат во стариот дел Калеиџи кој е и културен центар на градот и во кој се одржуваат најразлични уметнички манифестации.

Луксуз, раскош, беспрекорно испланирани „All Inclusive“ концепти во одлични хотелски комплекси со разновидни содржини, изразени природни контрасти, мистиката на Ориентот… Ова е дел од адутите на Турската Ривиера која се состои од градовите: Аланија, Лара, Сиде, Белек и Кемер.

Секој Вторник, Четврток, Сабота и Недела од 02.06.2024 до 19.10.2024

Цени на аранжман по лице:

од 399

ЗАБЕЛЕШКИ:

  • Сите хотели се на барање.
  • Цените се изразени во евра, а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 МКД за 1 ЕУР.
  • За влез во Турција потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).

 

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција.

 

ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊE:

  • За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст.
  • Целосната доплата на аранжманот е до 21 ден пред денот на поаѓање.
  • Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.
  • Не придржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.
  • После уплатата барањето се процесира и потврда од хотелот се добива од 24 до 48 работни часа.
  • Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.
  • Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување.
  • Сите сатници/времиња се дадени во локално време.
  • Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат.
  • Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга.
  • За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.

 

Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на ГОТХАМ Х и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.

Програма

01 ДЕН | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 2 часа пред полетување, или согласно инструкциите добиени од оранизаторот. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто околу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).

02 ДЕН - Претпоследен ден | Престој во хотел

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено / Не е вклучено

  • Директен авионски (чартер) лет на релација Скопје – Анталија – Скопје
  • Аеродромски административни такси (40 еур по лице / 20 еур за бебе под 2 години)
  • Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга
  • Организиран групен трансфер од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
  • Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот
  • Организација на програмата
  • Оброк/пијалок во авион за време на летот
  • Факултативни екскурзии
  • Задолжително здравствено патничко осигурување
  • Останати индивидуални трошоци

Локација

Анталија, Antalya, Turkey
од 399 €

Побарај Понуда

    Можеби ќе ве интересира