fbpx
од 759 €
Резервирај

Коста Брава Лето 2024 (Adults Only 18+)

Коста Брава, Costa Brava, Spain
Неоценет
Времетраење

7 ноќевања / 8 дена

Тип на тура

Дефиниран датум

Макс. Група

1 person

Погодно за

___

Преглед на понудата

Коста Брава Лето 2024

(Лорет де Мар, Барселона)

 

Коста Брава е крајбрежен регион на Каталонија во североисточна Шпанија. Се смета дека се протега од градот Бланес, 60 км. североисточно од Барселона, до француската граница – со други зборови се состои од брегот на провинцијата Гирона. Брег исполнет со нерамни заливи, средновековни села, песочни плажи, лозја и секако делата на Салвадор Дали. Многу патници доаѓаат во овој живописен регион на Шпанија за да ги истражат селата со најразлични екскурзии, пловења со катамарани, патувања со кајак или со посета на саканиот град Барселона.

Барселона е софистициран и тренди главен град  на Каталонија полн со позитивна енергија кој нуди единствен летен одмор во кој може да се ужива и во изобилство на култрурно – уметнички, гастрономски и урбани доживувања. Град кој симболизира забава, дружење, различност, авантури, а пред се е град со богата душа.

Термин 1: 23.07 – 30.07.2024 (7 ноќи)

ПРОМО ЦЕНА: 859 € (53.260 денари)

Редовна цена по лице: 999 €

Термин 2: 21.08 – 28.08.2024 (7 ноќи)

ПРОМО ЦЕНА: 759 € (47.060 денари)

Редовна цена по лице: 859 €

Факултативни излети:

  • Посета на Барселона
  • Boat Party по брегот на Коста Брава
  • Трансфер до Барселона + Flamenco Show со вклучен пијалок

 

**Влезниците за објектите се со доплата.

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 50% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
  • Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

– За програмата важат Општите Услови на патување на СКТМ.

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

– ТЕРМИНИТЕ и ЦЕНИТЕ на аранжманот се подложни на промени и се согласно моментална расположливост.

– Распоредот на активностите е подложен на промени согласно можностите и временските услови.

– За реализација на патувањето е потребен минимален број од 10 патници. Доколку минималниот број на патници не се исполни патниците патуваат без придружник од агенцијата, но со сите потребни информации за патувањето, рутите на движење, информации за превозните средства кои ќе се користат и достапност за консултации и прашања за време на целото патување.

– Кај аранжманите кои вклучуваат авио превоз, по купувањето на картата не е возможна рефундација на истите и во тој случај важат условите на авио компанијата.

– Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со low cost авио компанија, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекцијата, патниците се должни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.

– Цените со low cost аранжмани подложни се на промени и по уплатата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.

– Агенцијата не сноси одговорност за промени на конекциите на авио компаниите.

– Наведените саатници на летовите во програмата подложни се на промени и зависат од авио компанијата.

 

Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на ГОТХАМ и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.

Програма

01 ДЕН СКОПЈЕ – СОФИЈА – БАРСЕЛОНА – ЛОРЕТ ДЕ МАР

Состанок на групата пред хотел Континентал во договорено време и поаѓање за Софија. Пристигнување на аеродромот во Софија три часа пред летот кој полетува за Барселона во 10:15 часот и слетува во 12:10 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот во Лорет де Мар.
Сместување и слободно време за одмор за уживање на локалната плажа.
Кратка прошетка во околината и забава во ноќен клуб до раните утрински часови.

02 ДЕН ЛОРЕТ ДЕ МАР

Слободно време за уживање и заедничка дружба на една од плажите во Лорет де Мар.
Во попладневните часови враќање во хотел, кратка пауза за подготовка и прошетка во Лорет де Мар. После прошетката посета на ноќен клуб и забава до раните утрински часови.

03 ДЕН БАРСЕЛОНА

Слободно време за релаксација на плажата во Лорет де Мар и дружба во некој од beach баровите во кои секојдневно се организираат различни забави.
Во попладневните часови се упатуваме кон Барселона каде разгледот го започнуваме со посета на плоштадот Каталонија, авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, катедралата Саграда Фамилија, Готскиот кварт... Прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во светот.
Враќање во Лорет и забава во ноќен клуб.

04 ДЕН ЛОРЕТ ДЕ МАР

Слободен ден за уживање на плажа во Лорет де Мар или некој од околните градчиња како што се Бланес или Калела.
Во вечерните часови прошетка во Лорет. После прошетката групата се упатува на забава во еден од многубројните клубови во градот до раните утрински часови.

05 ДЕН BOAT PARTY по брегот на Коста Брава

Неколку часовно крстарење со катамаран по брегот на Коста Брава. Турата започнува од Лорет де Мар и е во времетраење од околу 4 часа. Прво се упатиме на север во потрага по прекрасните заливи и пештери кои се наоѓаат помеѓу Кала Левадо, Тоса де Мар и Кала Футадера. За време на целото патување можеме да пиеме безалкохолни пијалоци, сангрија и пиво.
Во текот на крстарењето ќе се закотвиме во заливот со можности за капење, нуркање и сончање. За време на паузата ќе се служи ручек: тестенини со салата или „Al dente“ сос од домати, скара подготвена на бродот со говедски плескавици и маринирани коцки пилешко заедно со овошен коктел. За време на кружното патување до и од заливите ќе има музика и танцување, со диџеј.
После крстарењето во вечерните часови заедничка дружба во локално кафуле.

06 ДЕН FLAMENCO SHOW

Дневно уживање на плажата во Лорет де Мар во beach бар со прекрасна шпанска музика.
Во попладневните часови разглед на Барселона со посета на паркот Гуел – едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и знаменитост на Барселона. Потоа се упатуваме кон Шпанското село кое претставува музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разновидноста на селата во Шпанија.
Посета на едно од најстарите „фламенко таблао“ во Барселона. Уживаме во Flamenco Show во времетраење од 40 минути со екипа која се состои од гитаристи, пејачи и перкусии и која ќе го постави темпото на фламенко вечерта. Фламенкото е форма на песна, танц и инструментална (најчесто гитара) музика која најчесто се поврзува со Андалузиските Роми од јужна Шпанија. Суштината на фламенкото е cante или песна. По средината на 19-ти век, песната за фламенко обично била придружена со музика на гитара и palo seco (стап што се удира од подот за да се одржи такт) и танчерка која изведувала серија кореографски чекори и импровизирани стилови.

07 ДЕН ЛОРЕТ ДЕ МАР

Слободен ден за уживање на плажа во Лорет де Мар или некој од околните градчиња.

08 ДЕН БАРСЕЛОНА – СОФИЈА - СКОПЈЕ

Во раните утрински часови одјавување од хотелот и со организиран трансфер се упатуваме до аеродромот во Барселона со пристигнување три часа пред летот кој полетува во 06:00 часот и слетува во Софија во 09:50 часот. Оттаму со организиран транфер патување кон Скопје и пристигнување во попладневните часови.

Вклучено / Не е вклучено

  • Трансфер Скопје – Софија - Скопје
  • Авио превоз Софија - Барселона – Софија
  • Аеродромски такси - подложни на промена
  • Рачен багаж (40cm х 30cm х 20cm)
  • Трансфери од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
  • 7 ноќевања во хотел во Лорет де Мар на база ноќевање со појадок
  • Трошоци за организација на патувањето
  • Факултативни излети
  • Градска туристичка такса
  • Патничко осигурување (задолжително)
  • Индивидуални трошоци на патниците

Времетраење

7-11 дена

Локација

Коста Брава, Costa Brava, Spain
од 759 €

Можеби ќе ве интересира