Ситуацијата со COVID-19 го затекна целиот свет неподготвен. Многу бизниси и гранки се соочија со предизвик како никогаш до сега во светската историја и не е тајна дека секторот туризам е еден од најпогодените на светско ниво. Туризмот претрпува огромни штети и се соочува со негово целосно исчезнување.

Целиот сектор (туристичките агенции, угостителите, превозниците, водичите, пратителите, хотелите…) е пред предизвик да  „креира” нова стратегија за да опстане и да продолжи да постои на пазарот.

На светско ниво туризмот е една од најзначајните стопански гранки со најмногу вработени и најголем придонес во светската економија. “Outgoing” и “incoming” патувањата се ставија во мирување и светот се насочи кон домашниот туризам.

2020 е дефинитивно година на промени и иновации. За Македонија нема потреба да спомнувам и анализирам како котира на светската туристичка сцена. Атрактивна и достапна за целиот свет, со можности на организирање на секаков вид на туризам. На светот тоа му е познато. Ние овде имаме мал проблем со препознавање на сите можности (секоја чест на исклучоци кои навреме ги имаа препознаено сите капацитети и се занимаваа со incoming  туризам, носејќи и привлекувајќи туристи од целиот свет).

Е сега време е за развој на домашниот туризам. Тоа е голем предизвик за целиот сектор. За да се оствари и да направиме пресврт од целата ситуација најпрво треба да се заборави на сите валкани “бизнис игри и преговори”, да играме со отворени карти и да го вратиме џентлменството во бизнисот. Колку сме, толку сме. Тие сме. Добар почеток би било да се свестиме и да си ја вратиме довербата едни кај други.

Подоцна ќе можеме и да креираме и да создаваме,а кога ќе се отворат границите, веќе ќе имаме доволно продукти, знаење и информации за да се соочиме со сите предизвици. Ќе се имаме едни со други.

туризам македонија интервју патувања

Александар Георгиевски

Founder & CEO

Gotham Travel and Events