Пандемијата на Коронавирусот го промени целиот наш свет и не само за краткорочен период. Покрај здравствениот систем, каде хероите облечени во медицински униформи се борат во првите борбени редови, само уште неколку други индустрии се погодени како туризмот. Во најголемиот дел од компании во овој сектор работата е намалена за повеќе од 90%. Сепак, големината на проблемот не може да се игнорира.

На цели нации им е наредено да останат во своите домови, авиокомпаниите банкротираат, туристичките компании отпуштаат огромни бројки на вработени, а хотелите се сега претворени во болници. Кога работите ќе започнат да се враќаат во „нормала“, патувањето, посебно интернационалното патување, ќе изгледа многу поинаку. Ова се некои од основните промени кои можат да се очекуваат.

1. Редиците за пасошка контрола ќе бидат подолги од било кога претходно

Како што може да се види со Кина, Сингапур и Јужна Кореја, земји кои сметаат дека оваа криза ја имаат под своја контрола, најголема грижа сега се новите инфицирани кои доаѓаат надвор од земјата. Кореја издала наредба сите личности од САД и Европа кои влегуваат во земјата да се изолираат две недели, дури и доколку нивните тестови се негативни на КОВИД-19. Оние без дозвола за постојан престој веднаш се праќаат во одделот за изолација.

Производителите на топлотни камери можат да забележат зголемена побарувачка. Дури и кога фазата на lockdown во Европа ќе биде готова и ќе може повторно да се патува, земјите ќе продолжат да тестираат патници на границите.

2. Ќе биде потребно нешто повеќе од само пасош

Некои земји нема дури ни да се обидат да тестираат патници на границите. Особено доколку доаѓате од земја која е/била жариште на заразата. Влезот ќе биде одбиен, освен доколку имате  потврда за имунитет поради фактот дека сте закрепнале од инфекцијата или бидејќи сте биле вакцинирани (откако ќе бидат достапни вакцините). Нараквици со баркодови, како во филмот „Contagion“ се навистина реална перспектива.

Секако, во поблиската иднина, патувањето ќе биде дефинирано од целта. Секое бизнис патување ќе треба да биде строго потврдено како економска активност, при што компаниите ќе ги намалат бројките на вработени кои патуваат за нив. Земјите најверојатно ќе ги отворат своите граници таму каде што има потреба и каде што е безбедно да се пуштаат патници. Ова може да значи издавање привремени визи и повеќе документација која ќе треба да се носи за време на патувањето.

3. Патувањето ќе има различни (скапи) сезони

Еден многу влијателен труд  од „Imperial College“ во Лондон, шпекулира дека владите ќе мораат да ги вклучуваат и исклучуваат мерките за lockdown со цел да можат да ги одржуваат барањата на здраствениот систем на нивоа кои ќе можат да се управуваат. Ова значи дека ќе постојат периоди во кои ќе може да се патува, кои ќе траат само по неколку недели или дури и денови. Дури и со авиокомпаниите, кои очајно чекаат повторно да се вратат во воздухот, местата ќе бидат ограничени и ќе можат да се забележат драматични покачувања на цените за време на тие периоди.

4. Закрепнувањето ќе биде нерамномерно

Веќе може да се види дека факторите кои влијаат на оваа пандемија се многубројни. Строгоста и точноста на мерките за lockdown, стабилноста на здравствените системи, времето, среќата и други фактори, имаат свое влијание. Тоа значи дека некои земји и региони ќе закрепнуваат први. Исто така, ќе можат да се видат и коридори кои повторно ќе се отвараат еден по еден.

Како точно сето ова ќе изгледа, е тешко да се предвиди. На пример, Италија е во голема предност од останатите земји во Европа, кога станува збор за степенот на ширење на оваа зараза. Дали ова можеби значи дека е меѓу првите кои повторно ќе ги отворат своите врати, исто како Кина? Или, дали длабочината на кошмарот со кој се справува Италија, значи дека тие повеќе ќе се двоумат да ги отворат вратите за влез на странци во земјата?

patuvanje odmor letanje koronavirus KOVID-19
Патувањето после КОВИД-19

5. Начинот на пакување ќе биде различен

Дали сте го виделе видеото на TikTok, каде маж со себе носи торба со марамчина за дезинфекција и темелно ги чисти масата и седиштето пред да седне за полетување? Па, ова може да биде нешто што ќе може да се види и во живо. Дури и да не е до тоа комично ниво, ние сепак сме насочувани да ги миеме рацете, а единствен начин тоа да се прави кога сте во движење е со средство за дезинфекција на раце.

Исто така, може да се случи и да се намалуваат ограничувањата за количината на течности која може да се носи во авионите, која досега беше максимум 100 мл., особено за летови на долги релации. Заедно со пакетчињата со средства за дезинфекција на рацете, прилично лесно може да се предвиди дека се поголем број на луѓе ќе патуваат со маски.

6. Секој пат ќе се штиклира тоа мало поле

Сите сме навикнати на тоа дека авионските резервации, секогаш се придружувани со десетици додатоци, откако ќе се избере летот. Да бидеме искрени, поголемиот број од луѓето ги прескокнуваат опциите за брзинско чекирање, дополнителен багаж, изнајмување на автомобил, па дури и избор на седиште. Едно поле кое со сигурност во иднина нема да се прескокнува е она кое се однесува на тоа дали сакаме да го осигураме летот. Сепак, ќе треба да се внимава, бидејќи често ова „осигурување“ не покрива многу нешта, вклучувајќи и појава на пандемија. Или авиокомпаниите или осигурителните компании ќе мораат да ги променат условите за да ги прилагодат на нашата нова реалност.

Поради потребата за флексибилност, ќе треба да се креира нешто поразлично и подобро, кое ќе овозможува откажување на патувањето од било која причина, најдоцна неколку часа пред самото полетување.

7. Општеството нема да ве сака кога ќе бидете болни

Дури и оние кои што закрепнале од КОВИД-19 и имаат изградено имунитет (доколку вирусот не мутира премногу), нема да сакаат да патуваат кога ќе имаат настинка. Моменталната состојба и убедувањето со кое светот го прифаќа социјалното дистанцирање ќе направат за биде неприфатливо за општеството да се патува со настинка или било какви симптоми.

Погледите кои можете да ги добивате доколку кашлате или кивате на аеродром или во авион, ќе бидат остри и разочарувачки. Се предвидува дека социјалната стигма ќе ги демотивира луѓето, што ќе резултира со потенцијални непојавувања на летовите (откако цените ќе се стабилизираат).

8. Попрво ќе се патува со воз отколку со авион

Домашните патувања ќе се опорават прво (нема гранични контроли) и за повеќето држави тоа значи патување со воз. Возовите имаат помал метеж, имаат прозорци кои можат да се отворат и се во исто време поповолни за животната средина. Откако ќе се укинат сите блокади кои што се поставени во моментов во Европа, се предвидува дека луѓето ќе брзаат да патуваат со воз, само затоа што можат.

9. Квалитетот на воздухот ќе биде нагласувана одлика

Имате некоја идеја каков филтер за воздух користи Lufthansa на своите летови? А што е со British Airways? Korean Air? Кој модел на Airbus има најчист воздух? Дали авионите на Boeing имаат помалку микроби во воздухот? Немате никаква претстава? Па, можеби не знаете сега, но откако ќе се почне повторно со летање, авиокомпаниите ќе почнат да се фалат со своите системи за филтрирање. До крајот на годината, ова ќе биде прашањето кое многумина ќе го поставуваат – Колку е безбеден воздухот во авионите?