fbpx
од 629 € 599 €
Резервирај

Париз во Мај (25.05 – 28.05.2024)

Париз, Paris - France
Неоценет
Времетраење

3 ноќевања / 4 дена

Тип на тура

Дефиниран датум

Макс. Група

Неограничено

Погодно за

___

Преглед на понудата

Париз во Мај 2024

(25.05 – 28.05.2024)

 

Градот на светлината – Париз е еден од најпознатите туристички центри во светски размери. Град на љубов и романтика, град на уметници, бурен ноќен живот, висока мода и исклучителна кујна која никого не остава рамнодушен.

Искачете се на Ајфеловата кула или на кулата на катедралата на Notre Dame de Paris, прошетајте се по најпознатата авенија во Европа – Елисејски полиња и околните улички кои дишат со луксуз и отменост, возете се со бродче по Сена и мавнете и за поздрав на Статуата на Слободата. Или пак насмевнете се на Мона Лиса во музејот Лувр, задолжителна атракција за милиони посетители од целиот свет.

Версај, величествениот дворец на Луј XIV, препознатлив по својата убавина и настани кои се одиграле тука, како и галеријата на огледала која никако не смеете да ја пропуштите. И да, обидете се да не се изгубите шетајќи се низ таканаречениот “зелен тепих” на дворскиот парк, разгледувајќи ги сите фонтани и скулптури направени во чест и слава на владеењето на Луј.

ПРОМО ЦЕНА: 599 € (37.140 ден.)

 

Редовна цена по лице: 629

Факулативни излети:

  • Влезница за Ајфелова кула (до 2 спрат) и едночасовно крстарење по реката Сена со  Bateaux Parisiens – 60 €
  • Влезница за Музејот Лувр (Musée du Louvre) – 30 €

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 50% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
  • Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

– За програмата важат Општите Услови на патување на СКТМ.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

– ТЕРМИНИТЕ и ЦЕНИТЕ на аранжманот се подложни на промени и се согласно моментална расположливост.

– Распоредот на активностите е подложен на промени согласно можностите и временските услови.

– За реализација на патувањето е потребен минимален број од 10 патници. Доколку минималниот број на патници не се исполни патниците патуваат без придружник од агенцијата, но со сите потребни информации за патувањето, рутите на движење, информации за превозните средства кои ќе се користат и достапност за консултации и прашања за време на целото патување.

– Кај аранжманите кои вклучуваат авио превоз, по купувањето на картата не е возможна рефундација на истите и во тој случај важат условите на авио компанијата.

– Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со low cost авио компанија, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекцијата, патниците се должни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.

– Цените со low cost аранжмани подложни се на промени и по уплатата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.

– Агенцијата не сноси одговорност за промени на конекциите на авио компаниите.

– Наведените саатници на летовите во програмата подложни се на промени и зависат од авио компанијата.

 

Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на ГОТХАМ и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.

Програма

01 ДЕН (25.05.2024) СКОПЈЕ – ПАРИЗ (Ајфелова Кула, Крстарење по Сена)

Пристигнување на аеродромот во Скопје три часа пред летот кој полетува за Париз во 13:00ч. и слетува во 16:05ч. Трансфер од аеродромот Париз Бове до Porte Maillot (80 km) каде се подигнуваат транспортни картички за неограничено тридневно возење низ Париз (метро, автобус, воз и трамвај). Сместување во хотелот и време за кратка пауза.
После краткиот одмор групата се упатува кон Трокадеро каде што има фото пауза на локација со идеална оддалеченост од Ајфеловата кула, а потоа ја посетуваме и самата Ајфелова Кула. Железна кула изградена на т.н. Марсово Поле покрај реката Сена во Париз. Тоа е највисоката градба во Париз и меѓу најпрепознатливите симболи во светот. Именувана според нејзиниот архитект Густав Ајфел, денес претставува една од најпосетените туристички атракции. Оттаму групата оди на едночасовно крстарење по Сена со Bateaux Parisiens.
По завршување на крстарењето групата оди на вечера во еден од многубројните ресторани. После вечерата и прошетката враќање назад во хотелот. Ноќевање.

02 ДЕН (26.05.2024) ПАРИЗ (Музеј Лувр, Опера Гарние, населба Montmartre)

Појадок. После појадокот групата се упатува кон Музејот Лувр (Musée du Louvre) каде што има двочасовна посета на музејот кој е најголемиот музеј во светот. Сместен е во Луврскиот дворец. Изграден е како утврдена палата за Филип Августус во центарот на Париз во оската на Елисејските Полиња. Средишниот двор, во кој се наоѓа Луврската пирамида изградена во 1989, служи како влез во музејот.
По посетата на музејот групата има фото пауза во Théâtre du palais royal Colonnes de Burene и јубилејната метро станица Palays Royal, направена од уметникот Othoniel за дочекот на новиот век во 2000-та година. Оттаму се упатуваме кон Операта Гарние позната и како Палата Гарние (Opéra Garnier) - оперска куќа во Париз со 2.200 места. Тоа е една од најубавите згради во Париз, дизајнирана од архитектот Шарл Гарние во необарокен стил, завршена во 1875 година. Официјалното име на операта, кое е и со златни букви испишано на фасадата е „Национална академија на музиката - Театар на операта“.
После посетата на операта Гарние се упатуваме кон квартовите Printemps и Galeries Lafayette каде што на најгорниот спрат има прекрасен панорамски поглед на градот и каде може да се седне на кафе или ручек. Слободно време за прошетка или шопинг.
Оттаму го посетуваме ѕидот „Је Т'aime“ - уметничка инсталација со стотици „Те сакам“ на сите светски јазици. Потоа се посетува населбата Montmartre каде што групата има слободно време за прошетка. Во оваа населба се наоѓаат Базилика Светото срце и плоштадчето Тертр каде што уметници ги изложуваат своите дела и цртаат портрети. Квартот е полн со ресторани, бистроа и кафулиња. Од населбата Montmartre се упатуваме и го посетуваме Moulin rouge од надвор. Потоа групата има вечерна прошетка во Латинскиот Кварт каде што има слободно време за вечера. После вечерата враќање во хотелот и ноќевање.

03 ДЕН (27.05.2024) ПАРИЗ (Notre Dame, островите Saint Louis и Île de la Cité, Bassin de l'Arsenal)

Појадок. После појадокот групата се упатува кон Notre Dame или Богородичната црква која е готска катедрала на источната половина на островот Сите на реката Сена во Париз, со главен влез од западната страна. Ова е катедралата на Париз и седиштето на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура.
После посетата на катедралата се упатуваме кон островите Saint Louis и Île de la Cité, двата природни острови во Париз во реката Сена. Овие два острови се локацијата каде е основан Париз уште во праисторијата и од каде што започнал да се шири градот. Тука е и физичката централна точка на Париз, точката од каде се мерат воздушни дистанци со другите светски метрополи. Оттаму одиме на прошетка покрај реката Сена до Градската Општина на Париз, раскошна градба која има статуи со историско значење. Тука исто така се наоѓа и плоштадот пред општинската зграда (place des grèves), кој историски е познат како „Плоштад на штрајковите“.
Слободно време за прошетка во квартовите меѓу Centre Pompidou и Les Halles, каде може да се посети познатиот музеј Georges Popmpidou (beaubourg) и/или прошетка во Les Halles (canopee) – трговски центар кој се наоѓа во близина на живописната и популарна улица Montorgueil каде има голем број на гастрономски продавници и ресторани.
Потоа се упатуваме кон Bassin de l'Arsenal, озлогласен затвор во Париз каде власта ги праќала сите неистомисленици. Во мај 1789 година почнала Француската буржоаска револуција која кулминирала на 14 јули истата година. Овој датум е прогласен за национален празник. Затворот е срушен и на тоа место денес има споменик на Bassin. На оваа локација има кварт со симпатични и стари кафулиња како Les Ferailleurs (железничари) или алтернативно готски кафулиња како што е Les Furieux (лудаци). Оттаму групата се упатува кон хотелот каде што има слободно време за одмор. Ноќевање.

04 ДЕН (28.05.2024) ПАРИЗ (Триумфална Порта, Елисејски полиња) - СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот, одјавување од собите и групата се упатува кон Триумфалната Порта, еден од главните симболи на Париз која се наоѓа на Плоштадот Шарл де Гол, исто така познат и како Плоштад - ѕвезда. Од таму се упатуваме кон улицата Елисејски полиња која е една од најпознатите улици во светот, со многу кина, кафулиња и луксузни специјализирани продавници. Улицата се протега се до плоштадот Конкорд кој e најголемиот плоштад во Париз.
После прошетката по Елисејските полиња враќање назад во хотелот. Со организиран трансфер се упатуваме до аеродромот во Париз со пристигнување три часа пред летот кој полетува во 16:35ч. и слетува во Скопје во 19:15ч.

Вклучено / Не е вклучено

  • Авио превоз Скопје - Париз – Скопје
  • Аеродромски такси – подложни на промена
  • Рачен багаж – ранче (40cmх30cmх20cm)
  • Трансфери од аеродром до Porte Maillot и од Porte Maillot до аеродром
  • 3 ноќевања во хотел на база ноќевање со појадок
  • Трошоци за организација на патувањето
  • Транспортна картичка за јавен превоз (метро, автобус, трамвај)
  • Факултативни излети
  • Градска туристичка такса
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци на патниците

Времетраење

4-6 дена

Локација

Париз, Paris - France
- 30 €
од 629 € 599 €

Можеби ќе ве интересира