fbpx
од 49 €
Резервирај

Хотел Су + АТВ тури 2022

Охрид, Македонија
Неоценет
Времетраење

1 или 2 ноќевања

Тип на тура

Дефиниран датум

Макс. Група

Неограничено

Погодно за

___

Преглед на понудата

Хотелот Су е лоциран на самиот брег на Охридското езеро, со совршена локација на само 10 минути пешачка оддалеченост од центарот на градот Охрид.

Објектот е изграден во современ стил, со соби кои пружаат прекрасни погледи кон градот и волшебните сини води на едно од најбистрите езера во светот. Располага со повеќе типови на соби: Smart Deluxe, Smart Suite, Double Standard, Superior. Секоја соба е опремена со: клима уред; Wi-Fi конекција; мини бар, LCD телевизор; телефон; фен за сушење коса; туш кабина или када. Хотелот исто така располага со паркинг простор, Rooftop ресторан и кафе барот „Liquid“.

Пакет аранжман за сите оние кои сакаат удобност, но во исто време се авантуристи и љубители на природата, со организирана тура на АТВ возење.

ЦЕНОВНИК ЗА ПЕРИОД до 01.04. – 31.05.2022 година:

ДАТУМИ / ЦЕНИ / ПАНСИОНИ

Цените во табелата се изразени по лице за пакет аранжман.

ТИП НА СМЕСТУВАЊЕ

1/2 стандардна соба

1/2 стандардна соба

1/2 стандардна соба

1/2 стандардна соба

НОЌЕВАЊА

1 ноќ

1 ноќ

2 ноќи

2 ноќи

ЦЕНА по лице

81 € / 5.000 ден. (сам на мотор)

64 € / 3.900 ден. (двајца на мотор)

107 € / 6.600 ден. (сам на мотор)

90 € / 5.580 ден. (двајца на мотор)

Турата Трите села  започнува од селото Горно Коњско (Комплекс Минами) и се движи по земјен пат низ прекрасни погледи на природата во самиот Национален парк Галичица, поминувајќи низ старото село Горно Шипокно, па се до Велестово. Пејзажите од копно кои се пружаат можат да бидат видени само со оваа тура.

Времетраење на турата: 2 – 2:30 часа

Рута на движење: Горно Коњско, Горно Шипокно, Велестово.

Цените во табелата се изразени по лице за пакет аранжман.

ТИП НА СМЕСТУВАЊЕ

1/2 стандардна соба

1/2 стандардна соба

1/2 стандардна соба

1/2 стандардна соба

НОЌЕВАЊА

1 ноќ

1 ноќ

2 ноќи

2 ноќи

ЦЕНА по лице

61 € / 3.700 ден. (сам на мотор)

49 € / 3.000 ден. (двајца на мотор)

87 € / 5.400 ден. (сам на мотор)

75 € / 4.650 ден. (двајца на мотор)

Авантуристичката тура Горно Коњско вклучува многу возбудливи моменти, прекрасни погледи кон Охридското езеро и волшебни пејзажи на недопрена природа и старото село Горно Коњско.

Времетраење на турата: 1 – 1:30 часа

Надморска височина: 1.100 метри

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

– За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.

– Организатор на патувањето е Gotham Travel and Events.

– Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.  Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.

– Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.

– Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.

– Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

 

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.

 

Пред секое патување ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на ГОТХАМ и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.

Вклучено / Не е вклучено

  • 1 или 2 ноќевања во хотел Су со вклучен појадок
  • Возење на АТВ тура (Горно Коњско или Трите села)
  • Организиран превоз до наведените локации
  • Индивидуални трошоци на гостите

Времетраење

1-3 дена

Локација

Охрид, Македонија
од 49 €

Можеби ќе ве интересира