fbpx
од 169 € 149 €
Резервирај

Велигден на островот Крф

Ипсос, Ipsos, Corfu - Greece
Неоценет
Времетраење

4 ноќевања

Тип на тура

Дефиниран датум

Макс. Група

1 person

Погодно за

___

Преглед на понудата

Велигден на островот Крф

(02.05 – 06.05.2024)

Велигден, најголемиот празник на грчката православна црква, се слави со особено почитување низ цела Грција. На Крф Велигденските веселби се уникатни. Влијанијата на Западната цивилизација се јасно видливи дури и во оваа, пред се, грчка православна веселба.

Жителите на Крф го нарекуваат Велигден Lambri of Lambria (Bright), изразувајќи ја на овој начин симболичната духовна осветленост на овој ден. После долгиот седум-неделен период посветен на пости и апстиненција од секаков вид на веселба, доаѓа Велигден, ден на среќа, ден на уживање.

Специфичните локални обичаи, директната врска на овие денови со почетокот на пролетта, покажуваат уникатност, што го прави Велигден на Крф главна атракција со посетители од целиот свет. Полифоничната црковна музика (локална карактеристика) преовладува и се проширува од црквите на Крф, па се до малите улички низ градот и предградијата. Оваа хармонична мелодија, посебна квадрофонија, која потекнува од Крит од 17 век, дури и денес се нарекува „Критска мелодија“.

Редовна цена по лице:

169 € (10.480 ден.) за сместување во 1/2 Студио

 

Промо цена по лице:

149 € (9.240 ден.) за сместување во 1/4 Апартман

(за уплати до 20.04.2024)

Факултативни излети (единечни цени):

  • Посета на Achillion Palace (летна градина) и Стариот град Крф – 10 €
  • Палеокастрица и фабриката Мавроматис – 20 €
  • Областа Канони + Mouse Island (трансфер со брод) – 15 €

 

*Цена за ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ: 40 по лице

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
  • Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

– За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

– За реализација на патувањето е потребен минимален број од 40 патници. Во случај минималниот број да не се исполни агенцијата има право да го откаже патувањето во целост најдоцна до 7 дена пред почетокот.

– За сопствен превоз се одземаат 20 € од редовната цена на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.

– Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минимум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.

– Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.

– Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската.

– Секој патник има обврска и задолжен е да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени терминот на резервацијата.

 

Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на ГОТХАМ Х и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.

Програма

00/01 ДЕН (01.05./02.05.2024, среда/четврток) СКОПЈЕ – КРФ (Achillion Palace; Стариот град Крф)

Состанок на групата кај Хотел Континентал во 21:30 часот. Тргнување во 22:00 часот кон граничниот премин Меџитлија. Ноќно возење со кратки паузи и царински формалности до Игуменица од каде се качуваме на траект и пристигнуваме до главното пристаниште на островот Крф. Од таму се упатуваме кон Ипсос каде се сместуваме во апартманите. Слободно време за одмор.


Во пладневните часови се упатуваме кон Achillion Palace, летна палата  изградена во 1890 година, специјално за Кралицата на Австрo - Унгарија, Елизабета, позната како Сиси. Се посетува летната градина на палатата. Популарноста на Achillion Palace доаѓа и од фактот дека во неа е снимен познатиот филм за James Bond 007 “For Your Eyes Only”. 


Оттаму се упатуваме кон Стариот Град Крф каде што ќе имате можност да ги доживеете малите улички кои му даваат посебна отменост на стариот град. Наместа се толку тесни што можете со раширени раце да ги допрете куќите од двете страни. Стариот град изобилува со мали фонтани и плоштади, стари млетачки куќи во кои денес се сместени многубројните таверни, галерии и продавници за сувенири, бројни цркви. Во вечерните часови групата се враќа назад во Ипсос, слободно време за одмор. Ноќевање.

02 ДЕН (03.05.2024, петок ) Ипсос – Градот Крф - Ипсос

Слободно време за уживање и релаксација  на плажата Ipsos Beach.


Во попладневните часови се упатуваме кон Стариот град Крф, каде ќе го проследиме и последниот Епитаф за оваа ноќ. Тоа е импресивниот Епитаф на Kатедралата во Крф. Со овој Епитаф, присуството на Светото Свештенство, на властите и на илјадниците жители на Крф, како и посетителите, дава восхитувачка димензија во оваа жална ноќ. „Старата“ филхармонија (црвена) ја изведува “Adagio” на Албинони, филхармонијата „Mantzaros“ (сина) настапува со “Marcia Funebre” од Верди и филхармонијата „Kapodistrias“ ја изведува “Elegia Funebre” од Маријани, исто така позната како “Sventura” и “Chopin's Marche Funebre”.


Активностите поврзани со последниот Епитаф траат до 00:30 часот, кога и се упатуваме кон апартманите во Ипсос. Ноќевање.

03 ДЕН (04.05.2024, сабота) Ипсос – Градот Крф – Ипсос

На ден Велика сабота во утринските часови се упатуваме кон главниот град Крф каде ќе можеме да ги видиме традиционалните обичаи кои се случуваат на островот за овој празник. Прво се одвива побожното собирање на Епитафот од црквата Свети Спиридон. Во 1574 година, Венецијанските власти, од безбедносни причини, ги забраниле сите Епитафи на Велики петок. Поради тоа жителите на Крф го собрале Епитафот на црквата Свети Спиридон заедно со ковчегот на светецот за време на Светата саботна литанија, која била веќе воспоставена традиција и не можела лесно да се забрани. Оваа литанија е најстарата и најимпресивната од сите литании на Патронот заштитник на Крф. По завршувањето на литанијата, ковчегот на Свети Спиридон останува во црквата за тридневен аџилак.


Околу пладне започнува т.н. „Прво воскресение“. После утринската Миса ѕвонат ѕвончињата и од прозорците и балконите на куќите илјадници садови од глина полни со вода се фрлаат на улиците. Овој обичај е поврзан со Евангелието, но исто така е и венецијанско влијание. Жителите на Крф го присвоиле овој обичај, но го смениле датумот со Велигден, најголемиот грчки празник, а старите предмети ги замениле со глинени садови. По фрлањето на глинените садови, Филхармонијата маршира по улиците на историскиот центар на градот свирејќи весели мелодии. Откако ќе завршат обичаите кои се поврзани со фрлањето на глинените ќупови низ улиците и сокаците на градот, следува слободно време за прошетка, кафе во некои од кафулињата низ градот или пак ручек во многубројните таверни и ресторани.


Во попладневните часови се упатуваме назад кон апартманите во Ипсос каде ќе имаме слободно време за одмор или индивидуални прошетки. Во вечерните часови се враќаме повторно кон главниот град Крф за да го прославиме Воскресението Христово кое се одвива на „Pano Platia“ и каде низ целиот град, по плоштадите, улиците и тесните сокаци има разни веселби. Во 00:00 часот се дочекува големиот христијански празник Велигден, кој е проследен со волшебен огномет од Старата тврдина. После прославата со огномет се упатуваме назад кон Ипсос, каде продолжуваме со забава во Club.

04 ДЕН (05.05.2024, недела) Фабриката „Мавроматис“; Заливот Палеокастрица

На ден Велигден, во утринските часови се упатуваме кон фабриката „Мавроматис“, фабрика за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Куат. Ова овошје е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за дегустација каде ќе имаат прилика да ги пробаат ликерите кои се произведуваат од овошјето и исто така да си купат дел од истите.


После посетата на фабриката одиме во посета на заливот Палеокастрица кој е туристичко место на северозападниот брег на островот Крф кое се наоѓа на 19 км. од градот. Се посетува манастирот, сместен на зелен рид над плажата на Палеокастрица, посветен на Панагија (Девица Марија) од Палеокастрица кој доминира во целиот регион, изграден на врвот на далечниот рид и овозможува прекрасен поглед на островот и морето. Манастирот има восхитувачка цветна градина, а додека сте таму можете да ги погледнете изложените стари досиеја на манастирот, огромната школка, скелетот на “морското чудовиште” и да си замислите желба фрлајќи паричка во бунарот на желбите.


Во вечерните часови можност за заедничко дружење во некои од локалните кафулиња или клубови.

05 ДЕН (06.05.2024, понеделник) КРФ (Канони; Мouse Island) – СКОПЈЕ

Напуштање на собите до 09:00 часот. Откако ќе ги напуштиме собите се упатуваме кон Канони каде се наоѓа малата црква на Panagia Vlacherna, изградена во 17-ти век која е позната по импресивниот дрвен иконостас. Од црквата тргнуваат мали бродчиња кон легендарниот Mouse Island, кој е на 5 мин. оддалеченост. Овој зелен остров името го добил по тоа колку е мал. Според митологијата, овој карпест остров е бродот на Улисес кој бил претворен во камен од богот Посејдон. Се искачуваме на врвот од ридот во Канони каде се наоѓаат две кафулиња со фасцинантен поглед кон црквата Panagia Vlacherna, морето и Mouse Island.  


Во попладневните часови собир на групата и тргнување од островот кон Скопје. Патување со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Вклучено / Не е вклучено

  • Автобуски превоз Скопје - Ипсос (Крф) – Скопје
  • Траект Игуменица – Крф - Игуменица
  • 4 ноќевања во двокреветни студија и четирикреветни апартмани на база на наем
  • Комплетно следење на програмата за Велигден во градот Крф (петок и сабота)
  • Пратител за време на патувањето и престојот
  • Трошоци за организација и реализација на патувањето
  • Факултативни излети
  • Туристичка такса (1 € по лице од ден)
  • Патничко осигурување (задолжително)
  • Еднокреветна соба – се доплаќа плус 70% од износот
  • Индивидуални трошоци на патниците

Времетраење

4-6 дена

Локација

Ипсос, Ipsos, Corfu - Greece
- 20 €
од 169 € 149 €

Можеби ќе ве интересира